Бајковита елеганција со потпис од Hippy Garden

13 септември 2014

Вчера вечерта во Загреб брендот за венчаници Hippy Garden се претстави со изложба на фотографии и моден перформанс, со кој беше претставена новата колекција на ексклузивни венчаници.

Колекцијата Hippy Garden Bridal Couture изобилува со флуидни креации со нагласени транспаренти делови изработени од високо квалитетниот свилен Chantilly материјал, кој дополнително придонесува за истакнување на елегантната силуета на дамата. Ѓургица Воркапиќ е моден дизајнер кој за време на својата успешна 15 годишна кариера успеа да создаде знак на препознатливост, како што се елементите кои означуваат сензуалност, етеричност и самоувереност, односно карактеристики според кои се води кога сака да ја дефинира жената преку модната призма.

Објавено:
13 септември 2014
Категорија: 
Бела соба