Во рамки на модната недела во Лондон, одличната и уникатна Софија Вебстер ја прикажа колекцијата за сезоната пролет – лето 2015 која дефинитивно по којзнае кој пат, сите ги остави без здив.
Иако во колекцијата имаше навистина голем број на чевли, буквално сите чифтови беа сосема различни и подеднакво уникатни без ниту една маана.
Просторот што дизајнерката го одбра за презентација на нејзината колекција, беше целосно претворен во луда журка каде се случуваше најдобрата забава во 10 часот изутрината.
„Иако за мојот бренд секогаш се вели дека е многу женски, мислам дека овојпат докажав дека секој чифт чевли е со посебен и силен став“, изјави дизајнерката на презентацијата.
Голем дел од чевлите беа вистинско олицетворение на една моќна жена, вистинска Амазонка која е одлучна решително да чекори низ улиците на нејзиниот град. Како и сите други изминати колекции, така и во оваа, дизајнерката понуди неверојатна палета на бои во која беа содржани скоро сите постоечки.
Во продолжение, погледнете ги сите чифтови на чевли што Софија ги предлага за следната сезона, и Ве предупредуваме, тие се повеќе од слатки, тие се единствени!