Најпопуларниот моден бренд за долна облека Викторија Сикрет после објавата дека Кендал Џенер ќе биде нивното ново „ангелско“ засилување, ја објави и официјалната дата на модната ревија која ќе се одржи во Лондон на деветти декември, со што етикетата ќе заокружи уште една успешна и спектакуларна година.
Имено, одговорните на Викторија Сикрет, пред извесно време ја открија и цената на билетите за сите оние кои сакаат да бидат дел од гостите на нивното шоу, а таа чини „само“ 10.000 фунти. Порано изминатава година ја објавиjа и листата за најсекси жени на 2014 година, а ја лансираа и неверојатно заводливата, секси „бестрашна“ кампања (Fearless Campaign) за актуелната студена сезона, каде во вистинско провокативно издание можеме да ги видиме супер моделите Бехати Принсло, Кендис Свенпул, Лили Алдриџ, Марта Хант и Џасмин Тукс.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од последната кампања и уживајте во уште една ангелска приказна.