Позирајќи гола Алиша Кис испрати порака за мир во светот

22 септември 2014

Алиша Кис позираше целосно гола, прикривајќи ги градите со исцртан познат симбол за мир на трудничкиот стомак и тоа со цел да даде поддршка за движењето „WeAreHere“, па со тоа и да испрати порака на своите обожаватели. Движењето има за цел да ги натера луѓето ширум светот да ја изнесат сопствената идеја за мирот, а покрај Алиша, свој придонес имаат дадено и Кели Роланд и Џенифер Лопез.

Инаку пејачката фотографијата ја објави на својот профил на Инстаграм и според реакциите може да се дојде до заклучок дека го постигнала посакуваниот ефект, па по тој повод напиша – „Изгледа дека го придобив вашето внимание бидејќи всушност тоа е и целта на „WeAreHere“, да се создаде мир за сите дечиња на овој свет“.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Сцена