Стуткајте се оваа зима со бунди во боја од еко крзно

22 октомври 2014

Трендот за носење крзно во боја оваа сезона го наметна Фрида Џанини која на ревијата на модната куќа Гучи пушти неколку интересни модели во боите на виножитото да ја направат  пистата повесела.

Зара Зара

Бундите во боја кои се мошне популарни за оваа зима се дел од  колекциите на сите популарни улични брендови и се главно изработени од вештачко крзно. Дефинитивно моделите кои го одвлекоа вниманието на голем број трендсетерки и дами кои се љубителки на помалку аристократскиот изглед се оние на брендот Unreal Fur. Етикетата за оваа сезона подготви  инвентивни модели на бунди не само во поглед на кројот и структурата, туку и во поглед на декорацијата. Па така, најпопуларни се бундите со омбре ефект, но и оние во слатки пастелно розови нијанси како и моделите со долго влакно со класичен изглед од  црно-бела и бордо нијанса.

Топшоп Топшоп

Меѓутоа  не ги забораваме и другите модни брендови кои следејќи ја оваа актуелна тенденција можат да се пофалат со неколку уникатни модели. Популарниот шпански бренд Зара се одлучи својата зимска колекција да ја збогати со кратка топла бунда во впечатлива лимон боја, Pepe Jeans, пак во својата креација на модерна бунда успеа да ја вметне пачворк техниката, додека Дизел играше на безвременската класика и претстави бунда во црвена и црна боја.

Дизел Дизел

Во галеријата погледнете ја богатата плејада на модели и одберете го оној што комплетно соодветствува со вашата личност, стил и начин на живот.

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Тренд