Паралелно со нашиот Моден викенд, во Србија се одржува Первол модната недела. Домаќин на ова 36-то издание на манифестацијата, што започна завчера, е Шведска, а прва да ја отвори имаше чест Ана Љубинковиќ. Таа со оваа ревија одбележува и 10 години од својата работа. Истата вечер се претставија и UGG Australia, во чии модели се појави и пејачката Гоца Тржан со партнерот и ќерката.
Својата креативност ја претставија и студентите и дипломците од уметничките училишта и академии од Белград, преку групни ревии. Авторски претставувања пак, имаа студентите на Мастер студиите за школската 2013/14/
Помеѓу ревиите, посетителите во фоајето на BelExpoCentar-от каде што и се одржува настанот, имаше интересна акција, каде познати дизајнери и уметници меѓу кои дизајнерот Славимир Стојановиќ, уметницата Билјана Цинцаревиќ, муралистот Андреј Зикиќ - Артес, амбасадорот на брендот Reebok DJ Prema и бројни графички уметници сликаат на патиките на брендот на лице место.
Во продолжение ви претставуваме дел од моделите од првата вечер на манифестација: