Како се менуваше деловниот стил во 20-тиот век

30 октомври 2014

Досега неколку пати сме пишувале за деловниот изглед, за тоа кои се актуелните трендови кога е облеката за на работа во прашање, а во продолжение ќе погледнете фотографии кои ќе не навратат во минатиот век.

Низ овие фотографии објавени на сајтот Mashable, се забележува трансформација на деловната мода, особено кај жените. Погледнете и уживајте во овие овековечени моменти.

1899 - жена куца на машина за пишување. Оригиналното име на фотографијата е Flirtation. Жената носи долго здолниште со кринолина што не соодветствува на ова време. 1899 - жена куца на машина за пишување. Оригиналното име на фотографијата е Flirtation. Жената носи долго здолниште со кринолина што не соодветствува на ова време.

Септември 1911 - Уредничкиот оддел на Clement's Inn во Лондон. Секоја од жените има долга коса, која е собрана. Повеќето од нив носат бели блузи и долги здолништа, а дел од нив имаат и вратоврска

мај 1917 - Администрациска канцеларија во Англија. За време на Првата светска војна поголемиот дел од машките работици се вклучени во армија, па жените работеле на нивните работни места. Поголемиот број од жените во оваа канцеларија носат бели блузи, но малку потесни отколку на претходната фотографија. Нивната коса е собрана. Некои од младите девојки носат панделки во косите. Како што може да се забележи кај дел од нив, должината на здолништата е покуса од претходно

околу 1920- Жени што работат во пошта во одделот за сортирање на писма во текот на Божиќните празници во Англија. Тие носат комотни блузи и кардигани и бисери. Косата повторно е собрана. На една од жените може да се забележи и фустан со риги, што укажува на популаризирањето на дезените

околу 1932 - Жени што работат во печатница. Собраната коса и во овој период е нешто што е задолжително на работното место. Сепак, дел од помладите носат и фризури со средна должина на косата. Некои од нив носат фустани без ракави

околу 1930 г. - секретарка

325 women working to fill mail orders in 1942 година - жени што редат пошта

1948 - година - модната агенција Форд. Таа и нејзиниот сопруг се во канцеларијата во Њујорк.

Little Black Dress Август 1950
Фотогрфијата е објавена во Picture Post со оригинален опис - Жена што носи црн сатенски фустан со тантела околу ракавите, што не е соодветно за канцеларија.

Job Interview Септември 1950 - интервју за работа во агнеција

Female office workers eat boxed lunches in a city park 1956 - колешки ја поминуваат паузата за ручек во природа, повеќето имаат мантили и фустани со должина под колена.

Typing Pool околу 1955 година

Woman working in office.  (Photo by Walt 1957 година - жена во студио за илустрации со куса фризура

Woman Secretary Typing Typewriter Listening To Dic околу 1960-тата година

Administration office at Huntsman House, Leeds, West Yorkshire, 1968. Artist: Michael Walters 1968 година - жени во администрација

Operators man computers at Eastern Airlines' reservations center Ноември 1970-та ценарт за резервации на Eastern Airlineѕ

Executives at computer 1970 -ти

Women Working On A Computer 1974-та

Office Worker 1975 -та

Campaign Coach Април 1979 - Маргарет Тачер во канцеларија за време на нејзината кампања

Early Computer User околу 1980- та во Бостон

Personal Computers околу 1982- ра година во Јужна Калифорнија

Diane Von Furstenberg Април 1987 - дизајнерката Дајан фон Фурстенберг во нејзиното студио

Sky TV Launch Февруари 1989 година - канцеларија на тв Скај во Лондон

Multi MIMSY in use, Science Museum, London, 1996. 1996 - канцеларија во Научниот музеј во Лондон

Call Center. Јули 1999 година - жена во кол ценар во Германија

Call Center. Јули 1999 - девојка вработена во кол ценатр во Германија

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија