Кои се најстилските Британци за 2014 – тата година?

30 октомври 2014

Британскиот моден совет конечно ги објави номинациите за годинешните британски модни награди, а гласањето трае до 5 – ти ноември.

Во трката за најстилски Британци влегоа вкупно 10 жени и исто толку мажи, а претходните години со наградата се закитија Алекса Чанг и Хари Стајлс.

Наградата ќе ја добијат оние што  на најдобар начин ја отелотворуваат британската мода и воедно се  интернационален амбасадор на Лондон, но и на Велика Британија воопшто.

Рита Ора Рита Ора

Секој оној што ќе гласа за својот омилен стилски Британец, автоматски влегува во трката за наградата што се состои од два билети за шоуто на кое ќе бидат доделени и главните награди на први декември.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Меѓу номинираните оваа година се најдоа Амал Клуни, Хелен Мирен, Џордан Дан, Кира Најтли, Рита Ора, Тајни Темпа, Бенедикт Кумбербах, Идриз Елба, Дејвид Ганди и други.

Амал Клуни Амал Клуни

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од сите номинирани.

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Актуел