Модното дуо прво планираше да отвори бутик во Њујорк, но потоа ја сменија локацијата откако преку анализа дознаа дека најголемиот број нивни фанови, но и купувачи се наоѓаат токму во Лос Анџелес. Со отворањето на новиот бутик во Беверли Хилс, дизајнерите потврдија дека ќе бидат дел од модната недела во Њујорк во февруари, но дека планираат да го откажат своето учество за модната недела на мажи во Милано.
На синоќешната прослава за отворањето на новиот бутик во Лос Анџелес се појавија голем број познати личности, меѓу кои беа Дита вон Тис, Адам Ламберт, Мишел Родригес, Парис Хилтон, Дилан Пен и други. Покрај тоа што се апсолутно функционално дизајнерско дуо, сеуште живеат заедно, а Ден во контекст на ова прашање дополнил – „Делиме се, освен нашите момчиња!“