Камерон Дијаз: Манекенството ми беше карта за бегство од сиромаштијата

3 ноември 2014

Духовитата и шармантна калифорниска актерка Камерон Дијаз зад себе има 20 годишна успешна кариера. Иако потекнува од сиромашно семејство, таа вели дека никогаш не ја изгубила вербата во себе. Во интервју за магазинот Мери Клер за најновото ноемвриско издание, таа открива како всушност манекенството во нејзиниот живот претставувало карта за бегство кон подобар живот.

-Го мразев училиштето, не постоеше шанса да добијам некаква стипендија, а моите родители немаа финансии да ме пратат на факултет. Манекенските ангажмани со себе ми донесоа две работи: патувања и пари. Сфатив дека тоа може да биде мојата карта за бегство од сиромаштија, открива Камерон во интервјуто.

Иако во август наполни 42 години, нејзината појава остава без здив, а неодамна објави и книга во која открива тајни за својот беспрекорен изглед, важноста на здравата исхрана и вежбањето. Таа објаснува и дека сцените во филмовите каде треба да го покаже голото тело не и претставуваат проблем, бидејќи со текот на годините стекнала голема самодоверба што ја немала во почетоците.

Едно од прашањата во интервјуто гласи-  дали планира семејство, а таа одговара:

-Ако засновам семејство и родам деца тоа би било одлично, ако не, ништо. Не се оптоварувам со очекувања, туку го живеам својот живот, завршува актерката.

 

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Сцена