Но, Лавињ не е единствената што реши да ја „обои“ венчавката со поинаква венчаница од класичната во бела боја. Уште неколку познати пејачки , актерки и манекенки го направија истото и носеа венчални фустани, во црна, жолта, розова и други бои. Меѓу нив се: Џесика Бил, Џулиен Мур, Шанеј Грајмс, Мелиса Гилберт ,Гвен Стефани, Елизабет Тејлор и Мерлин Монро.
Пејачката Гвен Стефани во 2002 година на венчавката со Гавин Росдејл носи венчаница на Џон Галијано со розева боја во долниот дел
Џесика Бил во окромври 2012 година се венча со Џастин Тимберлејк и носеше розова венчаница од кутуриерот Џамбатиста Вали
Шанеј Грајмс се омажи во црн невестински фустан од минатогодишната колекција на Вера Ванг. 23-годишната ѕвезда од серијата „90210“ ја објави веста за бракот со моделот Џош Бич на Twitter и притоа објави фотографија од големиот ден.
- Мелиса Гилберт и Тимоти Басфилд се венчаа двапати иако имаа 5 деца пред церемонијата. Мелиса носи темно црвена венчаница за која вели дека ја избрала при привиот поглед
После седум години врска и две заеднички деца, актерката Џилијан Мур и режисерот Барт Фрундлич направија скромна церемонија на која таа носи класичен фустан од Прада во пурпурна боја
Елизабет Тејлор во жолта венчаница од Irene Sharaff на венчавката од бракот со Ричард Бартон во 1964