Колку заработува Кара Делевињ?

10 ноември 2014

Cara Delevingne

Некои ја обожаваат, некои не можат да ја поднесат, особено со оглед дека не поминува ден без да дознаеме што направила. Сепак, она што никој не може да го оспори е, дека Кара Делевињ е еден од најплатените светски модели. Но, колку заработува?

Британскиот магазин Телеграф одлучи да ја пресмета вредноста на примањата на 22-годишниот модел. Според нивните пресметки, младата Британка заработува неверојатни 11.000 долари дневно, што значи дека во нејзината „каса“ годишно влегуваат 1.5 милиони долари. Од овие причини Кара може да се прогласи и за новата Линда Евангелиста, која во 1990-тите имаше изјава: „За помалку од 10.000 долари не станувам од кревет“.

Сепак, приматот на најплатени веќе со години го држат Жизел Бундшен и Дауцен Крус. Ќе успее ли младата Кара да им го земе местото, останува да видиме.

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Сцена