Нова соработка на Филип Трејси со MAC

5 декември 2014

Филип Трејси за потребите на неговите модни шоуа и претходно има соработувано со козметичкиот бренд, а овој пат тој ќе ја има честа лично да учествува во создавање на нова мејкап линија. „Шминката нема да биде драматична, туку во знакот на елеганцијата и убавината“ – изјавил Трејси, кој смета дека процесот на трансформација со шминката, е сличен со носењето капа или пак модно парче.

„Модата може да биде забавна. Ние сме сите дел од ист бизнис. MAC креира дела со шминка, јас со шапки, а сепак сме дел од истата модна индустрија. Според мене, шминката е алатка со која личноста може да го промени својот живот“ – објаснил Филип за соработката со MAC.

Иако козметичката компанија сеуште официјално нема откриено детали за соработката, Трејси потврдил дека во колекцијата ќе доминираат металик нијанси, впечатливи јаки бои и сенки за љубителите на готик стилот. Сите три палети ќе бидат посебно инспирирани од три модели на шапки на Филип Трејси. Интересната соработка се очекува да се реализира во април наредната година.

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Актуел