Дејна Вилијамс: Тешко е да се биде уметник во време кога уметноста сѐ помалку се цени!

Интервју со •
9 декември 2014

Веруваме дека доколку досега имавте можност да ја слушнете нејзината преработка на „" target="_blank">Dreams“ на Fleetwood Mac, ја ставивте на repeat барем на еден музички уред! Нејзиниот глас е до толку перфектен и прецизен што ги допира сите клетки на вашата душа и ви ја претставува денешната вистински добра музика од еден поинаков, соул агол. Во ексклузивното интервју за fashionel.mk, младата пејачка од Лос Анџелес, Дејна Вилијамс говори за Ела Фицгералд и Били Холидеј како едни од пејачките кои ја инспирирале најмногу во животот, за нејзиниот татко, инаку ритам - гитарист на Мајкл Џексон, од кого го наследила талентот, но и за уникатниот стил што го поседува. Во моментов, обземени сме со „You and your sister“ што таа ја изведува со нејзината добра пријателка, актерката и пејачка Лејтон Мистер со која има уникатна и безвременска поврзаност во стилот. Минатата година таа на нејзините обожаватели им го подари одличниот деби сингл „Keep me waiting“, а во март годинава го лансираше и петтиот по ред, „The lonely one EP“. За музиката, љубовта, стилот и пријателството како клучни нешта што го прават животот на Дејна посебен, читате во интервјуто во продолжение.

dejna-02

-Која е Дејна Вилијамс?

Дејна Вилијамс е пејачка – текстописец со постојана адреса во Лос Анџелес!

-Од кого го наследи твојот талент?

Талентот го наследив од мојот татко и од мојата баба (мајка на мојата мајка). Таа беше прекрасна и талентирана пејачка и мислам дека имаме многу сличен стил на пеење. Татко ми најмногу ми ја пренесе страста за музиката, тој беше фантастичен пејач и неверојатен гитарист.

-Се случува ли некогаш да почувствуваш недостаток од инспирација?

Многу често се случува тоа, да, особено кога пишувам песни. Тоа знае да биде многу фрустрирачко. Но, верувам дека тоа е дел од секој процес. Нема да биде воопшто забавно ако пишувањето секогаш ви оди од рака и е лесно. Тогаш, голема е веројатноста дека ќе посакам да правам нешто друго со себе.

-Колку си задоволна од пласманот во шоуто „" target="_blank">The Rising Star“?

Многу сум задоволна од резултатите. Се уште не можам да поверувам дека дојдов дури до финалето и бев меѓу најдобрите четири! Од недела во недела бев неверојатно возбудена што успевав да продолжам понатаму и на крајот, да стигнам до финалето.

-Како се случи соработката со Лејтон Мистер (познатата Блер од серијата Gossip Girl)?

Ние сме многу добри пријателки веќе долго време. И двете сакаме да пееме и сосема случајно, еден ден таа ми предложи да направиме дует на песната „Dreams“ од Fleetwood Mac и јас секако дека се согласив затоа што обожавам да пеам со неа. Тоа некако беше сосема логична одлука донесена без воопшто да размислувам.

-Која е најголемата љубов во твојот живот?

Најголемата љубов дефинитивно ми е музиката. Многу сум среќна кога пишувам текстови, кога сум на сцена и кога слушам музика воопшто. Исто така, голема љубов во мојот живот се и моите кученца.

-Што е она што денеска те инспирира најмногу, кои се твоите херои?

Она што ме инспирира најмногу се жените кои се борат за она во што веруваат и кои се обидуваат постојано да прават креативни нешта. Како што растев, речиси секогаш се инспирирав од жените кои беа полни со креативност, како Били Холидеј и Ела Фицгералд. Многу е тешко да се биде уметник во ова денешно време кога уметноста се цени се помалку. Сметам дека да се биде уметник денеска е навистина нешто скапоцено и благородно.

-Опиши го твојот стил во три зборови....

Комфорен, елегантен и хипи!

-Која е тајната на твојата фамозна виткана коса?

Таа постојано се менува! Има една работа која забележав дека навистина ја одржува здрава и и помага да расте, а тоа е дефинитивно редовното кратење на врвовите. Јас тоа го правам на неколку месеци, а некогаш дури и почесто.

-Можеме ли наскоро да очекуваме соработка со некој моден бренд?

Да! Многу наскоро планирам соработка со Мишел Акино од американскиот бренд M Dot – тоа е нешто за што сум многу возбудена, бидејќи обожувам да работам со стара облека и да правам нова уметност од неа. Тоа досега го правев сама дома, но никогаш со дизајнер, па токму затоа сум и многу возбудена.

-Кој е најдобриот совет што си го добила во животот?

Свири/пеј како да ти е последен пат, бидејќи никогаш не знаеш кој те гледа и дали тоа е навистина твојот последен пат.

dejna-01

-Што е она што следно можеме да очекуваме од тебе?

Во моментов работам на нова музика и видеа што може да ги очекувате наскоро. Сите мои обожаватели слободно може да се приклучат на мејлинг листата на мојот официјален сајт и секогаш да добиваат нови информации и нова музика од мене!

Објавено:
9 декември 2014
bool(false)