Викторија Јанашвили е фотографката што цела година се посвети на проектот од кој сака да докаже дека убавината нема поврзаност со конфекциски боеви. Таа објави и книга која ги слави сите женски тела на овој свет. Високи, ниски, слаби, заоблени и од сите националности, се вклучени во содржините на книгата, а за најновата фотосесија ги ангажираше plus size моделите Денис Бидот и Марина Булаткина.
-Иако просечната жена во Америка носи конфекциски број 46, се продолжува во стандардизирање на стереотипни вредности кога е во прашање реалната слика за женските тела, изјавува фотографката Викторија.
-Тоа е причината за која цела година фотографирам различни типови модели. Со мојата книга сакам да продолжам кон истата цел и да ги рушам стереотипите, додава таа.
Фотографиите што ќе ги погледнете се искрени во „заљубеноста“ на сопственото тело, поради што решиле да го покрија со бела боја, заземајќи јасен став против идеите дека постои само еден совршен изглед кај жените.