banerEL25

Едноставниот крој во комбинација со дискретни модни техники што треба да го освежат изгледот, инвентивната игра на бои и удобноста во движењето се доволни причини што и овој пат му послужија како предизвик на креативниот тим од модната куќа Елена Лука да создаде ново модно ремек дело. Девојки, доколку сакате да ги избегнете потенцијалните „главоболки“ околу стајлингот за вашата матурска ноќ, тогаш погледнете го денешниот стајлинг, што Елена Лука го подготви специјално за вас.

Станува збор за фустан во princess крој што во горниот дел е изработен од високо квалитетен памучен сатен, кој што како оди надолу по структурата на телото  преминува во неверојатно креативна мулаж техника направена од мек тул. Мошне впечатлива е играта на белата нијанса во комбинација со темно розова боја во долниот дел од фустанот. Почувствувајте је леснотијата на пердувот и бидете вистинска романтична принцеза што ќе танцува цела вечер на подиумот.

Нежниот и префинет изглед на дизајнот и на креацијата спојте го со нежни сатенски сандали во впечатлива розова нијанса чии ремчиња се вкрстуваат и мала клач-чанта со впечатлив дезен на цвет и темно сина основа со апликација од бели точки со кои што целосно ќе го дефинирате вашиот матурски изглед. Бидете како вистинска принцеза од бајките на вашата матурска забава, почувствувајте се привилегирано и уживајте во ноќта.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Без категорија