Новата пролетна колекција „Златни узди“ за 2014 година на модниот бренд Елена Лука содржи модели во кои што сигурно ќе се пронајдат голем број матурантки и ќе ја одберат креацијата со која што ќе блеснат на нивната матурска забава.
Денешниот предлог стајлинг е долга тоалета чиј горен дел е изработен од софистициран крој на ламе материјал, украсен со стаклени правоаголни камчиња во црна и златна боја. Креацијата зрачи со раскош и во изработката на долниот дел, претставен со инвентивна игра на кроеви од органтин кои што нежно се брануваат додека чекорите и создаваат волуменозно здолниште во принцес конструкција.
За комплетен изглед, ве советуваме оваа тоалета да ја комбинирате со новата колекција на чанти и сандали потпишани од истиот моден бренд. Одберете клач-чанта изработена од високо квалитетна лакирана сјајна кожа во сребрена боја со правоаголна форма, украсена со златни плочки на кои е испишано логото на куќата. И сандали во истата боја и материјал, украсени со златни синџирчиња, деликатно крунисани со кружна златна плочка на која што е испишано логот на брендот. Елеганцијата и софистицираноста со која што зрачи овој модел нека бидат главните адути со кои што ќе ги плените сите погледи на вашата матурска ноќ.