elena-luka-princess-07

Елеганцијата преточена во уникатно парче тоалета во беж нијанса е денешниот предлог за матурантките од модната куќа Елена Лука. Спојот на сатенот и свилата, особено специфично изработениот горен дел од фустанот со штеловани свилени ленти, дава дополнителна доза гламур на целиот изглед.

Во однос на модните додатоци задржете ја отменоста со клач чанта со циркони, која одлично ќе се вклопи со останатите аксесоари. За комплетирање на изгледот, тимот на Елена Лука ви препорачува масивна цветна нараквица, која по својата специфика ќе биде слична со додатокот на сандалите.

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Без категорија