Модната куќа Елена Лука е бренд кој веќе пола деценија постои на македонската модна сцена и со својата оригиналност успева да ги задоволи модните потреби и желби на многу жени и девојки.
Бидејќи јули е дефинитивно месец на свадбени свечености креативниот дизајнерски тим од куќата реши денешниот предлог стајлинг да биде гламурозна и впечатлива тоалета. Станува збор за композиција од рачно изработено плисе. Тоалета е во кралско сина боја, а играта со богатата текстура на различни материјали, како свила, сатен и транспаретна свила на моделот му даваат луксузна нишка и елегантна нота. Тоалетата е изработена во сирена крој, со што дополнително се истакнува женската силуета. Структурата на фустанот во горниот дел е корсет со дискретно нагласено деколте, а во долниот брановиден дел завршува со свилена трака.