Сината според многумина е најубавата летна боја, бидејќи е асоцијација за морето, брановите и небото, нештата што најмногу ги сакаме во лето. Затоа модната куќа Елена Лука за денеска ви подготви стајлинг кој е комплетно во бојата на летните задоволства.
Станува збор за коктел фустан изработен од високо квалитетен памучен сатен во тиркизна нијанса. Композицијата претставува игра на асиметрично сечење и блага мулаж техника нагласена во предниот дел на моделот. Впечатливоста на фустанот е акцентирана во делот кај корсетот кој завршува со прерамка на едно рамо, целосно изработена од стаклени камчиња и монистра со сребреникаво-златен сјај. Здолништето е во А-форма со благо лелеав пад кој завршува повторно со асиметричен крој.
Уживајте во топлите летни ноќи и бидете вистинска летна модна кралица, во креациите на Елена Лука.