И овој петок модната куќа Елена Лука е тука за Вас со идеален дизајнерски предлог од елегантна тоалета во минималистичка варијанта. Црната боја ќе придонесе за драматичност и мистичност од комплетниот изглед, а во ваква елегантна креација доволно е само изгледот да го нагласите со црвен кармин, едноставна фризура и дискретни аксесоари.

Веруваме дека пред Вас претстојат свечености и посебни моменти за кои потребен ви е стајлинг од кој ќе блеснете во најдоброто модно светло. Бидете сигурни дека оваа црна толалета од жоржет ќе биде безвременското минималистичко парче во гардероберот, бидејќи е изработена во смирени линии од кројот кој пак во долниот дел е на преклоп.

Нахранете ги вашите модни апетити со уникатен дизајн и пратете му визуелана порака на опкружувањето дека имате свој стилски печат.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Без категорија