Осмомартовски подароци од пријателите на Fashionel
•
2 март 2015
Жената-мајка и нејзината незаменлива животна улога, се неисрцпен извор на инспирација како комплетно, во целиот уметнички свет така и во модата за што сведочевме и во последната колекција на Долче и Габана која беше целосно посветена токму на мајките.
Претстојниот Празник на жените, 8-ми март е само едно мало потсетување за тоа колку тие жени значат во нашите животи и дека секој ден е вистински ден за внимание посветено на нив.
Затоа, Fashionel заедно со своите пријатели ќе ви помогне да ги изненадите жените кои најмногу ви значат во вашиот живот.
Од денеска до 8-ми март, секој ден ќе доделуваме интересни подароци кои ќе имате можност да ги освоите со точен одговор на прашањата кои ќе ги објавуваме на нашата фан страна на фејсбук.