За WOW на неделата ја избравме Шејлен Вудли која изгледаше интересно во црн краток топ и свилено здолниште со принт од Емилио Пучи. Изгледот го надополни со црни салонки од Casadei и едноставна фризура и шминка. Иако не станува збор за гламурозен изглед, сепак минималните работи понекогаш го даваат всушност најубавиот ефект, како што е примерот со овој случај. Шејлен изгледа прекрасно, а до израз доаѓа и нејзината феноменална телесна структура.

За LOL на неделата ја избравме Кристен Виг која на премиерата на „The Secret Life of Walter Mitty“ се појави во креација на Мартин Грант, односно корсет со графички принт во црно – бела нијанса и волуменизирано здолниште во црна нијанса. Изгледот го надополни со накит од Vita Fede и златна металик нијанса на чевли од Маноло Бланик. Иако станува збор за дизајнерски парчиња, сепак тие воопшто не се вклопени во една целина, а Кристен во овој аутфит не изгледа впечатливо, туку смешно. Токму затоа е избрана за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
31 декември 2013
Категорија: 
Без категорија