WOW и LOL на неделата
•
22 јануари 2014
За WOW на неделата ја избравме Маргот Роби која секогаш знае како да го привлече вниманието на црвениот килим бирајќи впечатлив аутфит. Овој пат таа воодушеви со волуменизираното палто од Џамбатиста Вали со цввено – бел принт, бел едноставен фустан и црвени чевли од Руперт Сандерсон.
За LOL на неделата ја избравме Лена Данхам за која искрено би и препорачале да го смени стилистот бидејќи овој аутфит е вистинско модно промашување. Фустанот од Ердем со црна основа и бела тантела со впечатлив V израз воопшто не одговара за нејзината телесна структура, ниту во должината, ниту пак формата на моделот. Врв на целата комбинација се чевлите кои не се ин веќе неколку сезони по ред.