За WOW на неделата ја избравме Џенифер Лопез која на шоуто „Американски Идол“ се појави во мини тесен фустан и сако со животински принт пд Рејчел Зое и чевли од Џузепе Заноти. Изгледот го надополни со златни алки и обетки, а во однос на шминката направи минималистички избор, само со нагласени очи, односно со нежни smokey eyes.

За LOL на неделата ја избравме Зосиjа Мамет која направи комбинација од шарен фустан од Питер Пилото со чевли од Шарлот Олимпија. Иако има совпаѓање на боите на креацијата со обувките, сепак изборот на парчињата не се вклопува во целина. Недостасува соодветен избор на аксесоари, шминка и фризура за да се добие комплетен стајлинг.

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Без категорија