Помпезните тоалетите кои продефилираа на црвениот килим во суштина соодвестуваа со наметнатиот дрес код, но сепак ние од богатиот избор направивме селекција на најдобриот и најлош стајлинг на познатите личности
За WOW на неделата ја избравме феноменалната Шарлиз Терон која секогаш воодушевува со секоја своја појава. Овој пат на црвениот килим го врати сјајот на подзаборавениот период на Златниот Холивуд, носејќи црно – бела комбинација на тоалета во сирена форма од Кристијан Диор, накит Арт Деко од Фред Лејгтон, клач чанта и наметнато црно сако.
За LOL на неделата ја избравме актерката Зое Салдана чиј изглед изгледаше делумно комично и не соодвестуваше за годинешната Мет гала, особено поради фактот што актерката ретко кога згрешила во однос на својот аутфит. Овој пат комбинацијата на горниот црн дел со длабок V израз воопшто не се вклопува со долниот волуменозен, двослоен дел, кој оддава впечаток на недовршена креација. Иако станува збор за креација од Мајкл Корс, сепак Салдана е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.