Untitled

Припадничките на понежниот пол се појавија во долги свечени фустани, со интересни дизајни и форми, а во продолжение ќе ви ги понудиме најдобриот и најлош стајлинг од оваа манифестација.

За WOW на неделата ја избравме Роселин Санчес, која се појави во транспарентен фустан, модел кој не губи од својата актуелност. Голем број познати личности, веќе неколку сезони по ред, одбираат токму ваков модел на фустан, но сепак ретко која од нив остава впечаток. Роселин на црвениот килим се појави во креација од есенската колекција за 2014 година на Еклептика. Феноменалната телесна конституција на Санчес доаѓа до израз, а длабокото деколте не изгледа ни најмалку вулгарно. Покрај впечатливата шминка, актерката, пејачка, модел и продуцент, воодушеви и со прекрасната и убава насмевка.

За LOL на неделата ја избравме тв презентерката, Еглантина Зинг која за овој настан се појави во црно - бела креација од Гилс, од пролетната колекција за 2013 година. Фустанот е изработен од црн сатен, со тул на предниот дел и логото на брендот, бел жерав.  Волуменозноста на фустанот би придонела за богат изглед, но сепак е направена грешка во однос на должината на истиот, кој воопшто не се вклопува со висината на Занг и изгледа како да недостасувал материјал за комплетирање на креацијата.

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Без категорија