10 трендови за ентериер кои што ќе ви го разубават домот оваа пролет

12 мај 2014

Пролетта дефинитивно асоцира на свеж почеток, па сега е вистинското време за промени во вашиот дом.

Она што единствено ви е потребно се неколку едноставни промени на добро познатите места во вашиот дом.

Трендовите за оваа пролет од вас бараат драматични моменти во сѐ што ќе одберете - од мебел па сѐ до едноставните украси за домот.

Во продолжение ви посочуваме 10 трендови за ентериер кои се доволно софистицирани и елегантни за да останат во вашиот дом подолго време.

1.Потемни бои

Оставете ги белата и сите беж нијанси настрана оваа пролет. Доколку сакате промена во бојата на ѕидовите во вашиот дом, барем еден задолжително обојте во темносина или темноцрвена боја – тие се новите неутрални бои!

2.Луксузни и богати материјали

Оваа пролет заборавете на едноставните материјали и штофови на вашиот мебел. Обидете се да ја освежите гарнитурата со луксузно кадифе, антилоп или сомот во потемни бои кои ќе внесат софистицираност во вашиот дом.

3.Детали со цветни принтови

Цветните принтови биле и секогаш ќе бидат во мода и обожувани од многумина. Перниците со цветни дезени се полн погодок за оваа пролет.

4.Луксузни детали за малку пари

Луксузните детали никогаш не биле подостапни, благодарение на соработките со светските дизајнери. Одберете впечатлива ламба со интересен и впечатлив дизајн која ќе го привлече сето внимание во собата.

5.Комбинирајте и мешајте принтови

Оваа година веќе никоја не се плаши да меша и комбинира принтови. Како што е случај кај облеката, истото се случува и со ентериерот. Завесите, постелата, килимот и деталите оваа пролет нека бидат тотално различни, а сепак слатки!

6.Размислувајте надвор од кутијата

Трендовите за 2014 велат дека сѐ е дозволено. Во секој агол од домот можете да го ставите она што ве опишува индивидуално и што има особено значење за вас. Таквите предмети ќе ви овозможат целосна слобода на дејствување!

7.Значајни аксесоари

Помалку е повеќе – нешто што дефинитивно нема значење во 2014. Одберете уметнички дела, фотографии, часовници и објекти во кои што сте заљубени, подредете ги по боја и наредете ги како декоративна колекција на највпечатливиот ѕид во домот.

8.Скулптури

Доколку некаде низ таванот имате „подзаборавени“ безброј мали скулптури кои што никогаш не ви се допаѓаа, сега е вистинското време да ги вратите во полн сјај. Ако се ретро пак, тоа е огромен плус за вас!

9.Природни елементи

Природните материјали оваа година се враќаат на голема врата. Сега е вистинско време од куќата на вашите баба и дедо да си го земете килимчето со дезен од крава за кое толку долго време обожувавте да се шегувате!

10.Елементи од дрво во светла боја

Долги години, темните бои на дрвото како онаа на махагони и црешата доминираа на пазарот за мебел. Оваа година, карамел нијансите на дрво се на пиедестал. Масата во нежна, светла боја на дрво во комбинација со столчиња од истиот материјал, ќе внесат дополнителна топлина во вашиот дом.

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија