Адриан Броди и Наталија Водјанова заедно во романтичен едиторијал

25 јуни 2015

Генијалниот актер Адриан Броди и супермоделот Наталија Водјанова се фантастичен спој за новиот едиторијал на американското издание на магазинот Вог.

Во улога на вљубен пар, тие поминаа романтичен викенд на француската ривиера облечени во луксузни парчиња од новите зимски колекции на светските модни брендови: Прада, Диор, Миу Миу, Оскар де ла Рента, Марк Џејкобс, Луј Витон, Шанел, Долче и Габана и други.

Фотографот Питер Линберг направи одлични фотографии кои раскажуваат една романтична, но помалку носталгична приказна преку успешниот микс на бои, амбиент, актерска игра и дизајнерска облека.

 

Објавено:
25 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија