Аманда Марфи во августовскиот број на магазинот Numero
•
18 јули 2014
Фотографот Грег Кадел заедно со стилистот Бил Мулен и моделот Аманда Марфи направија инспиративна фотосесија во чиј фокус е претставена нераскинливата врска помеѓу животните и човештвото. Модната естетика е надополнета со богат избор на модни додатоци чија изработка и шаренило од бои всушност е синоним за претставување на разни видови егзотични животни.
Екстравагантните аксесоари го збогатуваат едиторијалот и му даваат дополнителна дозана автентичност која одлично се вклопува во асиметричните и несекојдневни модни парчиња. Вистинско ремек дело во магазинот Numero за месец август 2014 година.