Домот на Елен Деџенерис зрачи со позитивна енергија!

30 април 2014

Во пресрет на одличното ново шоу на одличната Елен Деџенерис Ellen’s Design Challenge во кое натпреварувачите ќе имаат 24 часа да дизајнираат и изградат парчиња мебел, ви го прикажуваме нејзиниот неверојатен дом, или пак еден од многуте.

Истиот зрачи со тотално позитивна енергија по која што е препознатлива и самата таа, но и нејзината прекрасна партнерка Порша де Роси. Нејзиниот огромен имот/ранч се наоѓа на планините на прекрасната Санта Моника и изобилува со навистина неверојатни парчиња.

Дневната соба зрачи со топлина благодарение на каминот што се наоѓа во централниот дел во комбинација со белите парчиња мебел и пространите ѕидови.

Нејзината спална соба пак, е обоена во беж и сива боја и истата совршено се вклопува со останатиот ентериер во куќата.

Покрај главната куќа, на имотот на Елен се наоѓаат и две гостински куќи, огромен базен, подземна гаража, штала каде таа чува неколку прекрасни коњи и беспрекорна и во буквална смисла рајска градина.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од љубовното гнездо на Елен и Порша и уживајте!

Објавено:
30 април 2014
Категорија: 
Фото галерија