Низ улиците на Лондон може да се забележат модни трендсетерки во кежуал и лежерни конотации, дополнети со масивни чанти, шешири, очила за сонце, шал и интересни модели на палта и капути, кои се неопходни во текот на ладната сезона. Тоа што привлече најголемо внимание се чевлите, односно фокусот е ставен на патики, оксфордки и чевли претежно на рамна пета, а секако тука се и актуелните чизми до глужд. Монохроматиката доминира во однос на стајлинзите, но исто така внимание привлекуваат и комбинациите на принтови. Во продолжение,погледнете ги изгледите од уличната мода во Лондон.

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Фото галерија