Во текот на целата година дизајнерските куќи вложуваат многу средства за рекламните кампањи. Модните линии секогаш мора да се претстават на што повпечатлив начин. Фотографиите во кои се вложува голема креативност, труд и време, честопати се клучни за успешноста не само на кампањата, туку и колекцијата која се прикажува.
Во рекламните кампањи се вперени и очите на критиката. Ѕвездите на домашна адреса ги добиваат фотографиите од колекциите на домашна адреса, за да можат да го одерат омилениот модел за следното гала случување што ги очекува.
Затоа, една фотографија мора да биде доволно впечатлива за да го привлече вниманието на широката јавност, и со еден поглед да ја раскаже целата приказна што ја осмислил дизајнерот.
Еве ги дел од најдобрите модни реклами за сезона пролет-лето за 2013.