Фотосесија: Како изгледа иднината преку дизајнот на Даниела Ѓуровска?

3 јули 2015

На традиционалната завршна модна ревија која неодамна заокружи уште една академска година на Технолошко Металуршкиот факултет во Скопје, темата на која твореа идните модни креатори беше "Иднината е денес".

Меѓу студентите, своите модели инспирирани од иднината ги презентираше и Даниела Ѓуровска која на нашата јавност и’ е позната и како една половина од двоецот Fashion DNA, македонски моден блог кој го работи заедно со Александра Трпеска.

„Даниела како инспирација ја зеде галаксијата која ја долови со рачно боење на материјалот. Накитот е изработен од безопасни игли кои беа прикажани во една друга димензија.  Интересен е фактот што за реализација на модните додатоци беа употебени околу 2000 парчиња безопасни игли. Самата колекција има футуристички карактер што беше предизвик  за Даниела да се направи нешто необично“, се вели во описот за нејзините дизајнерски креации.

Ова беше прва ревија на Даниела  каде беа прикажани два модели од колекцијата, а неодамна таа направи и фотосесија со своите дизајнерски парчиња на истата тема.

 

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Фото галерија