Интригантната селска идила сумирана во совршениот дом на Лили Ален

27 септември 2014

Куќата на уникатната Лили Ален во британската туристичка атракција Cotswolds е она што секоја девојка барем еднаш во животот си го посакала.

Истата е вистинско олицетворение на егзотична селска идила и место каде што можете да уживате во безгрижните денови исполнети со мирисот на совршените задоволства што единствено ги нуди животот на село.

Она што и дава дополнителен шарм на и онака совршената уќа на пејачката, е тоа што истата е неверојатно стара, а на самата влезна врата е испишана годината – 1660!

Дека таа е девојка со неверојатен и секогаш уникатен стил и страсна вљубеничка во Шанел, докажува и нејзиното чергиче за „добредојде“, специјално изработено од модната куќа со името на нивниот бренд извезено на истото.

„Ги молев да ми го направат тоа чергиче“, вели Лили, која долги години соработува со модниот бренд и обожува да ги носи нивните парчиња.

Во сите соби што ги содржи куќата, можете да ги видите најубавите винтиџ и рустикални елементи почнувајќи од завесите, па сѐ до декорациите за масите во дневните соби.

Она што особено фасцинира е надворешноста на куќата која личи на фантастичен замок од старото време, денеска целосно обраснат со прекрасно зеленило по ѕидовите.

Погледнете како изгледа куќата од три милиони долари на шармантната пејачка Лили Ален и дел од атмосферата во едно од најпосетените и најобожуваните британски места – фамозните Cotswolds Hills!

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија