Манекенките на уличните писти во Њујорк

11 септември 2014

Кога се на модните писти, манекенките професионално се обврзани да ја раскажат приказната на дизајнерот и камелеонски да го трансформираат имиџот од едно до друго модно шоу. Но, вистинската рефлексија на нивниот личен идентиет се одразува токму на уличните писти. Тогаш тие се „обични“ девојки кои сепак го привлекуваат сечие внимание. Тековната Њујоршка модна недела, како што и впрочем е непишано правило на сите модни недели, понуди вистинска разгледница на стилови од уличната мода.

Очигледно дека кога не се работно ангажирани, моделите сакаат да се одморат од високите потпетици, па уживаат во удобните ниски чевли, најчесто патики или моторџиски чизми до глужд. Па во таа конотација е и целокупниот нивен стајлинг, најчесто движејќи се помеѓу спортска елеганција и романтични рок комбинации.

Според објавените фотографии, може да резимираме дека тесните кожени панталони, кратките шорцеви, фармерките и предимензионираните блузи и блејзери се омилените парчиња во уличниот стил на манекенките.

 

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија