Машки час по мода на улиците низ Лондон

17 јануари 2015

Кралската престолнина Лондон, изминативе неколку дена се претвори во вистински моден полигон кој ослицилираше во духот на машката мода. Мажите од сите генерации одржаа навистина инспиративна модна лекција на која се чинеше дека и нема крај. Креативниот барометар во ниту еден момент не беше статичен, туку постојано насочен кон својот максимум. Мажите улиците на Лондон ги обоија во свеж и природен микс кој беше спој од повеќе различни стилови и генерации.

Почнувајќи од „dandy“ стилот кој е олицетворение на вистинските џентлемени, за набрзо потоа доминацијата да премине во кежуал, удобни и предимензионирани парчиња, инспирирани од спортските униформи на ски – терените. Не заостануваше ниту екстраваганцијата, а дефинитивно најголем впечаток остави плејдата на оригинални и уникатно избрани модни додатоци, карирани шалови, шапки во весел колорит, масивни слушалки за ужи, огромни чанти, очила со диоптер и слично.

Брадата исто така беше еден од приоритетите во креирањето на идеална завршница кај изгледите. Модниот караван ги спакува своите куфери и веќе е почнат часот по мода во италијанската метропола Милано. Во продолжение погледнете ги храбрите, смели и помалку луди лондонски машки изгледи што ги улови фотообјективот на онлајн магазинот WWD.

Објавено:
17 јануари 2015
Категорија: 
Фото галерија