Најубавите „улични“ комбинации од париската модна недела

13 март 2015

Париз уште еднаш докажа зошто е прогласен за една од најголемите модни престолнини на светот. Конечно, денеска кога можеме да здивнеме од модните недели, вистинско време е да ги погледнеме најстилските комбинации од улиците на Париз.

Токму таму, имавме можност да видиме некои од најубавите парчиња што ги најавија трендовите што ќе ги обожаваме претстојната сезона.

Посетителите на модната недела во Париз ги дочека одлично сончево време што им овозможи да направат уште подобри комбинации.

Ако на улиците на Њујорк можевме да видиме супер капути и топли комбинации, низ лондонските улици одлични џинс парчиња во духот на 70 – тите, а во Милано женствени здолништа и слоевитост, тогаш Париз беше вистински микс од сето тоа!

Таму можевме да видиме буквално сѐ, од класика до буквално еклектични комбинации со софистициран печат.

Во продолжение, погледнете ги комбинациите што светските фотографии ги „уловија“ низ шармантните париски улици.

Објавено:
13 март 2015
Категорија: 
Фото галерија