Највпечатливите стајлинзи на Гластонбери

29 јуни 2015

Викендов се одржа еден од најголемите музички фестивали во Велика Британија, Гластонбери 2015 година, кој покрај одличната музичка програма и бројната публика, е познат и како  епицентар на фестивалската мода.

Кејт Мос која важи за заштитно лице на фестивалот и е присутна на секое негово издание, оваа година ја заобиколи традицијата,  но затоа пак во публиката беа присутни гости од светската џет сет елита. Меѓу нив и Алекса Чанг, Стела Мекартни, Кендал Џенер, Кара Делевињ, Џиџи Хадид и многу други трендсетери кои овде најдоа совршена прилика да ги покажат своите најфраерски летни комбинации.

Ако минатата година гумените чизми беа ултимативен хит, годинава приматот го имаа комбинизоните  како најзастапено парче во летните изгледи на присутната публика. Комбинизоните беа комбинирани  во најразлични изданија, од пилотски униформи до кратки џинс комбинезони во лежерен спој со спортски маички и старки.

Во продолжение разгледајте ги највпечатливите стајлинзи од годинешниов Гластонбери.

 

 

Објавено:
29 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија