Несекојдневни примероци на уникатен уличен стил на Афропанк фестивалот во Бруклин!

27 август 2014

Како и секоја година, така и оваа, традиционалниот Афропанк фестивал во Бруклин ни докажа дека токму таму, на едно место може да ги видиме најдобрите и најуникатните стрит – стајл комбинации било кога направени!

Главна ѕвезда на вечерта беше раперот D’Angelo кој иако беше помпезно најавен, тој не остави многу голем впечаток кај публиката.

Кога говориме за публиката...таму дефинитивно можеа да се видат неверојатни уникати! Во Комодор Бери паркот имаше романтични бохо кралици, шик Американки со високи пунџи од суканици, ретро девојки кои како да се вратиле од историјата, тренди обожавателки на рапот со ултра широки панталони, но и момци – скејтери кои ги мамеа погледите на девојките.

Кога станува збор за најважниот дел од комбинациите, а тоа се дефинитивно модните додатоци, ранците кај момците и девојките уште еднаш ни докажаа дека тие ќе бидат едни од најпосакуваните аксесоари следната сезона.

Кожените моменти како куси панталончиња, чанти, мото – јакни, градници и што уште не, дефинитивно беа најмногу забележани. Уште еден тренд што беше неизбежен на годинешното издание на Афропанк фестивалот во Бруклин, беа и ретро фармерките со висок струк кај девојките и бројните алки и прстени во однос на накитот.

Во согласност со името на фестивалот, афро фризурите беа буквално насекаде! Момците со нивните, нѐ вратија во времето на Вил Смит и Принцот од Бел Ер, додека девојките беа неодоливи во стилот на Диана Рос.

Во продолжение, погледнете дел од комбинациите на неповторливите Афро Њујорчани и слободно земете малку инспирација за следните фестивали што не очекуваат!

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Фото галерија