Њујорчани ја ставија модата во втор план
•
4 јануари 2014
Вчера Њујорчани се разбудија со многу снег, кој тотално им ги смени плановите што да облечат на себе и мораа буквално да се маскираат со шалови, предимензионирани и волуменозни јакни, шапки, ракавици и сите потребни реквизити за на снег. Не навикнати да функционираат така, тие малку ги помешаа модата и снегот. Некои дури наместо чизми облекле чевли, други личат на животни прекриени во крзно, а пак трети се буквално како роботи не можејќи да се движат од слоевитата облека. Во продолжение погледнете како изгледаа за вчерашното петочно утро.