Оливија Палермо Оливија Палермо

Кај нас сè уште не паднал снег, но во Њујорк случајот не е таков. Таму веќе царува зимата, а температурите се спуштија и до минус. Сепак, тоа воопшто не ги спречува славните девојки како: Алекса Чанг, Гвен Стефани, Оливија Палермо и уште многу други стилски дами,  да му се спротивстават на предизвикот поставен од студеното време и да ги облечат на себе најдобрите комбинации.

Уличните фотографии од нив ќе ви покажат дека студеното време нè  наложува само темни бои, туку може да биде многу повесело и забавно.

Алекса Чанг Алекса Чанг

Парчињата што тие смело ги комбинираат и поседуваат како приоритетни се: предимензионираните капути и џемпери, мото јакните, цигара фармерките, крзнените елеци и бунди, боемските шапки, шаловите и чизмичките до глужд. Само еден перфектен пример како да се носат интензивни бои од зимските комбинации е Оливија Палермо.

 

Таа и овој пат ќе ве мотивира како омилените парчиња да ги споите на поинаков начин од вообичаено.

 

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Фото галерија