Ова е најзгодниот машки модел во светот во овој момент!

21 јули 2014

Ако се прашувавте кој во последно време му го зема местото на Дејвид Ганди, ние денеска ви ја откриваме мистеријата!

Шармантниот Швеѓанец Бен Далхаус во моментов се смета за најзгодниот модел и воопшто маж на светот според изборот на многу жени.

Како што е случај и со сите останати модели што се издвојуваат од толпата, препознатливиот знак на младиот Бен е неговото „тажно“ лице.

Иако хипстерските моменти како брадата и впечатливите обетки кај Бен се и повеќе од вообичаени, кај него има нешто тотално посебно и специфично што го издвојува од сите останати.

ben-dalhaus-02

Мистеријата е она што дополнително го прави Бен еден од најбараните модели во моментов, со оглед на тоа што досега за него се знае само од каде доаѓа и нормално, името и презимето.

Последниот професионален ангажман што го имаше Бен беше едиторијалот за луксузниот бренд за часовници Brathwait, во кој тој изгледа навистина боженствено!

Фотосесијата е направена од етаблираниот фотограф Есра Сем во Германија, а оттогаш голем број на светски магазини го забележаа прекрасниот Бен и едиторијалот за многу кратко време стана вирален!

ben-dalhaus-01

Како ви се допаѓа вам?

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија