Париско кафуле од кое нема да посакате да излезете!

5 април 2014

Со почетокот на омиленото годишно време – пролетта, веруваме дека кај сите се појави желба да го посетат единствениот Париз.

Доколку решивте желбата и да си ја остварите, ова е кафулето кое што мора да го посетите за време на вашиот престој таму.

Кога ќе ја кажат фразата „чувствувајте се како дома“ во АнтиКафе во Париз тоа и го мислат, бидејќи ова место многумина го доживуваат како вистински дом.

Уредено како најудобната дневна соба, во ова шармантно кафуле ќе може да се послужите со кафе, чај, закуски, со одлични книги од полиците и што уште не.

Она што е особено интересно, е тоа што за кафулето да биде уште поомилено, е тоа што тука може да си донесете и сопствена храна во која ќе можете да уживате на некој од комфорните кревети.

Дополнително, АнтиКафе функционира и како coworking зона, што во денешно време сѐ повеќе се прифаќа како одлично место за работа особено кај „фриленсерите“.

Во одличниот и единствен амбиент во ова кафуле може да се дружите, да работите, а просторот секако може да го искористите и за настани како презентации, изложби, проекции на филмови и други забави.

Доколку наскоро патувате за Париз или пак можеби веќе сте таму, никако не пропуштајте утринското кафе да го испиете токму тука во АнтиКафе, а истото ќе го најдете во непосредна близина на Музејот Лувр.

Објавено:
5 април 2014
Категорија: 
Фото галерија