Денеска се навршуваат точно пет години од смртта на генијалниот Александар Меквин. Зад себе тој остави фасцинантни креации и исклучително позната модна куќа, која и денеска успешно го продолжува неговиот дизајнерски пат.
Тој дефинитивно беше познат по неговите сосема темни, понекогаш дури и застрашувачки визии...Многумина пак, ќе посочат дека зад сето она што тој го промовирал, всушност се криела неверојатна пасија и желба за живот.
Токму тоа во неколку наврати досега, го потенцирал и неговиот пријател и продуцент на модните ревии и шоуа, Сем Генсбури, кој ќе каже дека Ли (првото име на Меквин) бил исклучително добар човек.
„Се сеќавам пред ревијата во Париз во 2009 – тата година, тој зборуваше со 17 – годишните модели зад сцената. Ги гледаше во очи, кажувајќи им колку се тие убави, колку добро изгледаат и колку всушност е горд на нив и дека можат да направат сѐ што ќе посакаат. Со него, сѐ беше лесно, тој им влеваше неверојатна самодоверба. Тој можеше да направи да се почувствувате дека сте способни да направите било што и да посакате“, изјави во едно интервју Генсбури.
Во текот на целата негова кариера тој беше вистински пример за создавање на уметнички дизајнирана облека до ниво на луцидност и секогаш помалку театрална.
Големиот Александар Меквин се чини дека ги имаше брилијантните и вистински техники за кроење на неговите парчиња облека, сѐ додека светот не се збогува од него во 2010 година кога тој изврши самоубиство во неговата хотелска соба.
Денеска, кога се навршуваат точно пет години од неговата смрт, да се потсетиме на некои од неговите најдобри креации во кариерата.