Њујорк моментално е епицентарот на модата, но колку што ревиите од писта се во фокусот, со исто толкав интензитет зрачат и улиците низ „Големото Јаболко“. Њујорчани воопшто не ги спречува ладното време за да покажат „парче“ кожа и да ги спојат најдобрите стајлинзи за присуство на модна ревија. Тие едноставно ќе ве воодушеват со својот индивидуалистички изглед и храбриот пристап кон комбинирање на парчињата. Класични капути, бомбер и мото јакни, слоевити комбинации од здолништа и панталони, многу крзно и топли јакни во вид на ќебе. Самоуверени во секој поглед и со дополнителен стимул од големото модно случување, љубителите на модата во Њујорк го заслужуваат истото внимание како и презентираните колекции од писта. Во продолжение погледнете што тие имаат на себе и со каква енергија ја исполнуваат улицата.
•
11 февруари 2014
Објавено:
11 февруари 2014Категорија:
Фото галерија