Во септемврискиот број на модното списание W, атрактивната Ријана се трансформира во племенска поглаварка за едиторијалот кој акцентот го става на екстравагантната шминка и фризура, како и авангардните облека и аксесоари кои создаваат една поинаква стилска димензија, далеку од урбаните правила на секојдневието.

Пред објективите на врвните фотографи Мерт Алас и Маркус Пиџот, Ријана одлично ја игра својата нова племенска улога позирајќи во впечатливи парчиња од Александар Меквин, Изабел Марант и Мајкл Корс, комбинирани со масивен накит.

Овој стил останува како тенденција и за претстојната сезона, па можеби ќе се инспирирате за некоја понослива, секојдневна варијанта адаптирана на вашиот имиџ.

 

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Фото галерија