Со Фотошоп експеримент, сајтот Оnline Doctor сака да ги прикаже стандардите за убавина на глобално ниво. За потребите на експериментот биле ангажирани графички дизајнерки од различни земји ширум светот, кои добиле една иста фотографија и имале за задача преку фотошоп на таа основна фотографија, да ја претстават жената од нивната култура, што би ја сметале за привлечна.

основната фотографија

Некои сметаат дека резултатите се нереални, но сепак можат да помогнат за битни дискусии во модната индустрија. Други пак, сметаат дека на овој, по малку и карикатурен начин, се доаѓа до заклучок дека сите тела се убави и дека убавината на жените од светот е токму во нивната различност и препознатливост.

Што мислите вие?

Објавено:
15 август 2015
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
2.459 пати