Какви и да се временските услови, сплиќанките се секогаш дотерани и подготвени шетаат низ градските улици. Потврда за тоа се сетот фотографии на фотографката Соња Дворник која неуморно ги „лови“ најстилските комбинации на нејзините сограѓанки. Убавите дами, актуелниот тренд на носење крзно, успешно го имплементираа во комбинација со популарниот модел фармерки „boyfriend“, но и со кожени панталони и припиени фустани.

split_12_16_of_16

Неизбежни се пончата кои беа моден печат на  уличните изгледи ширум светските метрополи, како и федора шапките во стилот на 1970 – тите. Фотообјективот ја пронајде и младата дизајнерка Анамарија Асановиќ која се одлучи за елегантна комбинација, надополнета со модни додатоци од брендот Диор и Dsquared2. Својот роден град го посетија и актерките Наташа Јанјиќ и Ана Марас кои уживаа во празничното расположение во друштво на една од најдобро облечените сплиќанки, Ивана Рунјиќ. Еве дел од фотографиите на декемвриските улични изгледи во Сплит.

 

Објавено:
3 јануари 2015
Категорија: 
Фото галерија