Уличен стил од модната недела во Милано
•
25 септември 2013
Од прекрасниот Милано, модата се сели во уште поубавиот Париз. Во градот на романтиката светски познатите дизајнери ќе ги претстават своите колекции и уште еднаш ќе ги воодушеват своите многубројни обожаватели.
Но, она што остана како обележје од миланска модна недела беа неверојатните комбинации што можевме да ги видиме низ миланските улици. Токму од истите, произлегоа и неколку неверојатни трендови што ќе ја одбележат следната сезона.
Во следната галерија погледнете како изгледаа уредниците на светски познатите модни списанија, модните блогерки и посетителите на миланската модна недела, и кои се стиловите што тие ги наметнаа оваа есен.